Поранешниот тренер на фудбалерите на Тотенхем, Тим Шервуд, имаше интересна изјава поврзана со Кристијано Роналдо. Тој е сигурен дека Португалецот наскоро ќе биде тренер во Манчестер Јунајтед.
„Го гледам Роналдо како тренер на неговиот сегашен тим. Тоа ќе се случи за 18 месеци. Неговиот избор ќе биде природен во моментот кога ќе престане да игра фудбал“ – вели Шервуд.
„ Доколку Јунајтед ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА купот, Солскјер најверојатно ќе остане, но, ако тоа не се случи, мислам дека ќе има нов тренер “ – рече Шервуд.

