Поранешниот напаѓач на Милан и сегашен селектор на украинската репрезентација Андриј Шевченко е подготвен да го преземе водството на „росонерите“ под два услови.
Во моментов Милан е предводен од Џампаоло, но лошите резултати сериозно го тресат неговото тренерско столче.
Според информациите на италијанските медиуми, условите на Шевченко се – да започне со работа само во ноември по квалификациите за Евро 2020, и да ја зачува својата позиција на чело на Украина.
Шевченко играше за Милан помеѓу 1999 и 2006 година, а потоа се врати како позајмен играч во сезоната 2008/2009. Во 2012 година ја заврши кариерата, а од 2016 година ја предводи селекцијата на Украина.