Селекторот на украинската фудбалска репрезентација, Андриј Шевченко вели дека не може да разбере од каде потекнуваат гласините за конфликт меѓу Јармоленко и Марлос кој наводно се случил по мечот со Холандија. Тој за украинските медиуми наведе дека во тимот владее одлична атмосфера.
„Ова се гласини кои немаат никаква основа. Атмосферата е одлична. Украинската репрезентација е отворена за сите. Ве молиме дојдете кај нас. Даваме интервјуа со новинари. Снимен е добар филм за националниот тим. Ние немаме никакви тајни. Дури е смешно да се коментира фактот дека излегоа некои информации. Момците ќе дадат сè и ќе сторат сè за да го постигнат посакуваниот резултат“, рече Шевченко.