Селекторот на украинската репрезентација Андриј Шевченко ја напушти функцијата.
„Денеска ми истече договорот со украинскиот фудбалски сојуз. Поминав пет години во националниот тим. Со напорна работа докажавме дека можеме да играме модерен фудбал. Благодарен сум на претседателот и Извршниот комитет на Украинската фудбаслак федерација за оваа можност. Благодарен сум на секој човек што помогна и беше вклучен во работата на тимот. Голема благодарност до фановите за поддршката и критиките. Заедно успеавме да покажеме дека фудбалот на украинската репрезентација може да биде конкурентен и возбудлив. Со верба во Украина“, напиша Шевченко на својата страница на Инстаграм .
Да потсетиме, украинската репрезентација извојува една победа во групната фаза на Евро 2020 и тоа над Македонија и се пласираше во 1/8 финалето каде победија против Шведска, а загубија во четвртфиналерто од Англија со 4:0.