Поранешниот фудбалер на Милан и на репрезентацијата на Украина, Андриј Шевченко, ќе организира меч во хуманитарни цели на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Натпреварот во Лондон ќе се одигра на 5 август а ќе настапат „легендите на Арсенал, Челзи и Милан“, изјави Шевченко за Ројтерс. Поранешниот голгетер на Динамо Киев го посети училиште во Чернихов кое беше делумно уништено по рускиот ракетен напад во март 2022 година.
Парите собрани од хуманитарниот фудбалски натпревар целосно ќе бидат вложени во реставрација на училишната зграда.

