Легендарниот фудбалер на Милан, Андриј Шевченко, верува дека „росонерите“ можат да направат пресврт против Интер во полуфиналето од Лигата на шампионите. Нероаѕурите го добија првиот натпревар со 2:0.
„Тактички, тренерот ќе го избере вистинскиот начин на игра. Мој совет е да го чека вистинскиот момент“ – вели Шевченко.
„Ако Милан подготви шема како да го изненади Интер, тоа ќе помогне. Еден гол нема да биде доволен“ – вели поранешниот фудбалер.