Спортскиот директор на нашата тениска федерација, Горан Шевченко, денеска на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ се осврна на сите активности од натпреварувачки и организациски аспект во кои се инволвирани нашите претставници.
„Гледано од приемот во европската и светската тениска асоцијација во деведесетите години па се до денеска, македонскиот тенис има забележителни резултати. Тенисерки неодмна имаа настап за респект на последниот турнир во БЏК Купот а истото набрзо го очекуваме и од Дејвис Куп селекцијата кај мажите. Имаме одлични млади тенисери кои треба да имаат светла перспектива. Нивните квалитети ги гледаме на различни турнири“ – вели Швеченко кој десет години работеше за меѓународната тениска федерација.
„Во изминатите триесетина години сме покажале дека сме добри организатори. Да потсетиме дека еден Марат Сафин , потоа Бобан Живоиновиќ и уште неколку други познати светски тенисери биле дел од турнирите во Скопје. Мислам дека организацијата на профисонални меѓународни турнири е одличен бенифит за нашиот тенис. Добиваме голема поддршка и пофалба од меѓународниот фактор. Затоа продолжуваме со организација на Челенџери кои од година в година добиваат на квалитет и поголем рејтинг за поени. Еден од приоритетите во иднина ќе биде изградба на национален тениски центар, се надевам дека ќе успееме“ – потенцираше меѓу другото Шевченко во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ кое може да го проследите на следниов ЛИНК.