Селекторот на украинската репрезентација Андриј Шевченко вели дека за Украина самиот настап во осминафиналето успех.
„Мислам дека тимот имаше добра групна фаза. Одигравме добар натпревар против Холанѓаните, одигравме добар натпревар против Македонија. Нашата група беше многу тешка. Излеговме од тоа, тимот отиде во ова осминафинале. Го постигнавме она што го зацртавме, а сега се е само еден голем бонус за сите нас“, вели популарниот Шева.

