Селекторот на Украина, Андриј Шевченко беше воодушевен по пласманот на неговиот тим во четврт-финалето на Евро 2020. Синоќа Украина дојде до драматична победа над Шведска со 2:1 по продолженијата. Тренерот рече дека со овој настап неговите играчи ја заслужиле љубовта на целата земја.
„Двете екипи играа добро. Беше интересен натпревар. Ниту еден од двата тима не сакаше да загуби, па на оваа драма и дојде крајот. Со овој перформанс и оваа посветеност, нашиот тим ја заслужи љубовта на целата земја. Знаевме дека ќе треба да почнеме силно уште од првата минута. Знаев кој може да не засили за време на натпреварот. Планот што го подготвивме функционираше“, рече Шевченко.
„Одлучивме да ги браниме крилните позиции повеќе. Сакав играчите од средниот ред да работат понапорно, ја сменив позицијата на Јармоленко. Се обидовме да го контролираме натпреварот, но на моменти не се одвиваше се како што треба. Но, на крајот, тимот го исполни планот и одиме понатаму“, додаде Шевченко.

