Поранешниот репрезентативец на Македонија, Ванче Шиков од денеска е нов фудбалер на екипата на Академија Пандев. Лидерот во домашното првенство по првите 3 кола, денеска се договори со дефанзивецот кој веќе неколку дена тренира со екипата.
Договорот ќе биде на една сезона, а Шиков наскоро ќе го има и дебито за новиот тим. Ова за него ќе биде четвртти домашен тим, по Тиквеш, Победа и Работнички за кои настапуваше во минатото.