Селекторот на фудбалерите на Чешка, Јарослав Шилави, вели дека добрата тактика била решавачка за вчерашната победа против Полска на стартот на квалификациите за ЕП 2024.
„Не очекувавме да постигнеме два гола во првите три минути. Сакавме да играме така, брзо и да го притиснеме противникот. Верувам дека тоа може да функционира. Ризикувавме со стартниот состав а младите добија искуство“ – изјави Шилави.
Неговите избраници наредниот меч ќе го имаат на 27 март против Молдавија додека Полска ќе игра со Албанија.