Катерина Шиповиќ од АК АЕРОДРОМ ќе се појави на ултра-трката – „Спартатлон“ во должина од 246 километри која започнува во Атина а завршува на локалитетот – Спарта. Учесниците имаат 36 часови да ја завршат предвидената рута.
Годинава од 28 до 29 септември на 42-ро издание на трката ќе настапат 400 учесници а единствен претставник на Македонија е Катерина Шиповиќ од АК АЕРОДРОМ Скопје.
Таа е балканска шампионка во ултра маратон откако за 24 часови истрча 211 километри што претставува и национален рекорд . Трката – „Спартатлон“ е собир на елитата на тркачите во ултра-маратонски должини.

