Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа, добива многу критики по елиминацијата од Челзи во ФА Купот на Англија. Шпанецот кој се гледа како еден од најдобрите чувари на мрежата денешницата, во серија прикажува слаби партии а тоа беше видливо и на мечот со „сините“.
Легендарниот напаѓач на Англија, Алан Ширер, проценил дека Де Геа константно прави грешки и дека тренерот, Оле Гунарс Солскјер, треба да го седне на клупата за резервни играчи за да му даде шанса на Хендерсон.
„Според мене, време е да биде заменет. Таков голман мора да биде на висина на задачата. Тоа сега не е случај со Де Геа. Мислам дека Хендерсон заслужува шанса да брани за Јунајтед“ – потенцирал Ширер.