Поранешниот фудбалер, Алан Ширер, потенцира дека напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд, не е подготвен да игра за таков голем клуб.
„Тој е доведен во навистина тешка ситуација и не може да биде лидер во нападот. Притисокот што е врз него го прави скршен играч“ – рече Ширер.
22-годишниот Данец беше купен во 2023 година од Аталанта но, не успеа да се наметне во островскиот фудбал. Во дебитантската сезона постигна само 10 голови.

