Легендарниот напаѓач на Англија, Алан Ширер, се осврна на катастрофалната игра и пред се реализација на Манчестер Јунајтед кој има разочарувачка сезона во Премиер лигата и пред време го заврши настапот во Лигата на шампионите.
„ Навистина е засрамувачки за Јунајтед досега да има постигнато 18 голови. Тен Хаг постојано вели дека мора да се држат до планот иако не знам што значи тоа“ – вели Ширер.
Како делува нападот на „ѓаволите“ покажува и податокот дека последното засилување Расмус Хојлунд нема постигнато гол.

