Легендата на англискиот фудбал, Алан Ширер, вели дека младиот играч на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, не може да биде класичен напаѓач.
„Рашфорд не е типична „деветка“. Оле Гунар Солскјаер го користи Антони Марсијал во врвот на нападот додека Рашфорд игра по страничните позиции“ – вели Ширер.
„Мислам дека тоа е одличен потег. Ми се чини дека Маркус се чувствува многу подобро кога настапува покрај левата странична позиција“ – вели Ширер.