Нашата фудбалската репрезентација веќе втор ден ги одработува подготовките за стартот на Лигата на нациите. Пред медиумите говореше голманот Дамјан Шишковски, кој ги сподели очекувањата од натпреварот со Бугарија и она што ја очекува Македонија на почетокот на месец куни.
„Македонската јавност очекува многу од нас, по изданијата со Италија и Португалија. Ние сме максимално подготвени за следните четири меча. Со резултатите дојдовме во позиција сите да веруваат во нас, така што на секој меч ќе одиме на победа. Нашата селекција е подмладена со неколку имиња, но тие знаат и имаат искуство од своите тимови. Ќе го дадеме максимум да ги оправдаме очекувањата. Селекторот најави дека сите играчи ќе настапат, тоа е нормално затоа што имаме четири меча во десет дена. Сите тренираме и работиме, на секој собир сме исти, без разлика дали ќе играме или не. А, селекторот ќе одлучи кому да му даде шанса. Милевски го познаваме одлично, работеше со нас во младинската селекција и знаеме што бара од нас.“, рече голманот Дамјан Шишковски.

