Шахистите на Алкалоид убедливо го победија против францускиот „Шартре“ со 5:1 во последното коло на Европскиот Клупски Куп . Алкалоид го заврши настапот со пет победи, два нерешени резултата и без пораз.
Екипата на „Нови Бор“ стигна до третата европска титула со 13 бода или еден повеќе од „Алкалоид“.
Нашиот состав по трет пат оствари пласман меѓу првите две екипи на Стариот континент. Во 2016 година беше Европски шампионаво а 2017 година го освои второто место.

