Екипата на Шкендија вчера го дозна својот противник во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, екипата на Мура од Словенија ќе бид епротивник на нашиот шампион, а денес го дознаа и можниот противник во второто коло од овие квалификации.
Во случај да го елиминираат словенечкиот шампион, тетовчани во второто претколо ги чека нова тешка задача.
На денешната ждрепка во Нион, Шкендија за евентуален противник во втората фаза ќе го добие подобриот од двомечот меѓу Лудогорец од Бугарија и Шахтјор Солигорск од Белорусија.