Македонскиот фудбалски шампион Шкендија го доби својот противник за првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.
Тетовскиот тим имаше среќа во ждребката и на хартија го доби се чини најлесниот противник шампионот на Велс екипата на Њу Сејнтс. Првиот натпревар ќе се игра во Скопје на 10 или 11 јули, додека реваншот ќе се одигра една недела подоцна во Велс.
Шкендија ги започна подготовките пред една седмица со што веќе се подготвуваат за овие квалификации за Лигата на шампионите. Тренерот Ќатип Османи на располагање ги има двете засилувања Ремзифаик Селмани и Костантин Чешмеџиев, но од друга страна нема да може да смета на досегашните играчи Ферхан Хасани и Адриан Цуцули кои како слободни фудбалери ова лето решија да го напуштат клубот и кариерата да ја продолжат во странство.