Во Нион се одржа и ждрепката за 3.квалификациска рунда во Лигата на Конференции. Две наши екипи ги дознаа своите можни ривали, се разбира само доколку го поминат второто квалификациско коло.
Шкендија доколку ја помине Валмеира (Летонија), тогаш во третата фаза ќе игра со победникот од двомечот меѓу АИК Стокхолм (Шведска) и Ворскла (Украина).

Македонија ЃП, ако пак направи изненадување и успеа да ја елиминира ЦСКА Софија, тогаш во 3.квалификациско коло ќе се сретне со подобриот од двомечот меѓу Сент Патрик (Ирска) и Мура (Словенија)

Натпреварите од третата рунда предвидено е да се играат на 4 и 11 август.

