Фудбалерите на Шкендија ако ја елиминираат летонската Рига во 2 коло во конференциската Лига, тогаш ќе играат со подобриот од пресметката меѓу Фолгоре од Сан Марино и Хибернианс од Малта.
Споредено со квалитетите на тие два тима, македонскиот шампион би требало да има полесен пат да стигне и до групната фаза во новото европско натпреварување.
Нашиот втор учесник Шкупи доколку ја „скокне“ Санта Клара од Португалија, тогаш во третото ќе игра со победникот од пресметките меѓу Олимпија Љубљана (Словенија) и Биркиркара од Малта.