Македонските екипи, преставници во Лигата на Европа ги добиа можните противници доколку ги поминат следните пречки.
Екипата на Силекс пред себе има не така тешка задача во второто коло од квалификациите за Лигата на Европа, затоа што за противник го има тимот на Дрита, а доколку го елиминира овој противник ќе имаат голем предизвик во следното коло затоа што ќе треба да играат со Легија Варшава во Полска. Вториот наш претставник во овие квалификации, Ренова за можен противник во следната фаза ќе го има турскиот гигант Галатасарај доколку го поминат Хајдук.
Екипата на Шкендија може да има доста атрактивен противник доколку го помине романскиот Ботошани. Тоа најверојатно ќе биде англискиот гигант Тотенхем, кој се очекува без проблеми да го елиминира Локомотив Пловдив.
Во тој случај може повторно во Скопје да го видиме Жозе Мурињо кој беше дел од Манчестер Јунајтед на Супер куп натпреварот со Реал Мадрид.