Шкендија вечерва од 20 часот ќе го одигра реванш мечот од 1. коло во квалификациите за ЛШ. Средбата во Мурска Собота е клучна за тетовци, кои на првиот меч во Скопје беа поразени со 1:0. Сепак, оптимизам постои во составот на Шкендија, а тренерот Ѓока најавува битка за пласман во следното коло.
„Дефинитивно веруваме во пласман во следната рунда, бидејќи тоа го докажавме на првиот натпревар во Скопје. Имавме лоша среќа што не успеавме да го погодиме голот и покрај тоа што имавме огромни шанси. Мура е физички силен тим и не случајно стана шампион на Словенија. Но, ние веруваме во нашите квалитети и во победата. Од тимот барам две работи, да биде поагресивен и да биде ефикасен пред голот, што значи оние шанси кои ќе ги направиме, мора да ги реализираме“, изјави пред средбата тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока.