Шкендија со реми (0-0) на гостувањето кај Шериф Тираспол испеа да се пласира во 3. коло од квалификациите во Лигата на шампионите. Пласманот во следната рунда е благодарение на првиот меч во Скопје во кој тетовци обезбедија минимална победа од 1-0.
Фудбалерите на Ќатип Османи на овој реванш дуел влегоа премногу претпазливо, и на стартот најавија дек аќе ја бранат предноста од првиот меч. Домаќинот постојано се обидуваше да го отвори резултатот, но во тоа не успеа до самиот крај на средбата.
Следен противник на Шкендија на патот до групите во најелитното клупско натпреварување во Европа ќе биде австрискиот шампион, Салцбург. Првиот меч од третото коло, тетовци ќе го одиграа на гости, а реваншот е закажан за 14 август на „Националната арена Филип Втори“ во Скопје.