Македонските претставници во Конференциската лига на УЕФА, Шкендија и Силекс веќе ги добија ривалите во третото по ранг натпреварување во европскиот клупски фудбал.
Шкендија на ждрепката во Нион беше носител, а за противник го доби тимот на Европа од Гибралтар. Првиот меч ќе се игра на гости, вториот е во Скопје.
Силекс, пак, беше меѓу неносителите, а на извлекувањето за противник го доби Динамо Минск од Белорусија. Првиот натпревар го игра на гости, вториот на домашен терен.
Првите натпревари од 1. квалификациско коло во Конефернциската лига се играат на 9 јули, додека реваншите се закажани на 16 јули.

