Она што се очекуваше и се случи синоќа, по поразот од Борец во велес во 4.коло од ПМФЛ, раководството на Шкендија одлучи да се раздели со тренерот Ќатип Османи.
Шкендија и покрај составот со кој располага имаше лош старт на новата сезона во ПМФЛ, но и лош настап на европска сцена, па раководството одлучи да му врачи отказ на човекот кој ги донесе сите три домашните титули во историјата на клубот.
„Шкендија соопштува дека ја прекинува соработката со стручниот штаб. Менаџментот на клубот одлучи да го отпушти стручниот штаб, предводен од Ќатип Османи. Клубот му е благодарен на Ќатип Османи за историските постигнувања во изминатите години. Тимот ќе го води Ерхан Селими до назначувањето на нов шеф на стручниот штаб“, се вели во соопштението на Шкендија.
Во наредните денови ќе има пауза поради репрезентативните обврски, па овие две недели шампионот ќе ги искористи за назначување на новиот тренер , но и консолидација на екипата.