Покрај шампионот Струга ТЛ попладнево своите први противници во Конференциската лига на Европа ги добија и преостанатите македонски евро-преставници.
Екипата на Шкендија во првото коло во Конференциската лига на УЕФА најпрво на домашен терен ќе го пречека велшки Хаверфордвест, а реваншот ќе го одигра на гостински терен. Екипата на Македонија ЃП во премиерната рунда од истото натпреварување ќе се сретне со РФС од Рига, Летонија. Ѓорчепетровци исто така на првиот меч ќе бидат домаќини.
Само екипата на Шкупи во 1. коло ќе почне на гости. Чаирчани за противник ја добија екипата Хегелман од Литванија.
Мечевите од оваа фаза се закажани за 13 и 20 јули.

