Македонскиот фудбалски шампион Шкендија денес му гостува на естонскиот шампион Номе Каљу во првиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампиони.
Нашиот шампион е апсолутен фаворит за пласман во следната фаза, но од Шкендија посакуваат да одиграат два натпревари на високо ниво и да ги добијат и двете средби. Првиот е оној кој вечерва го играат на гостински терен, а тренерот Ќатип Османи најверојатно ќе се определи за стандардната формација со добро познати имиња за почетокот на мечот.
На голот на Шкендија би требало да биде Костадин Захов, а пред него во одбраната Мурати, Бејтулаи, Муслиу и Мици, средниот ред би бил составен од Хусмани, Тотре и капитенот Алими, додека во нападот би започнале Радески и Агим Ибраими на крилните позиции, а Бесарт Ибраими како централен напаѓач.
Натпреварот меѓу Номе Каљу и Шкендија се игра во Талин со почеток од 18:00 часот