Фудбалерите на Шкендија изборија минимална победа од 1:0 на првиот меч со велшки Хаверфордвест во рамките на елиминациите од Конференциската лига. Во Скопје, тетовци се намачија да дојдат до победата.
По нерешените 0:0 во првиоот дел, по само две минути игра во второто полувреме со голот на Шала, Шкендија успеа да поведе. До крајот избраниците на Нухиу направија уште неколку шанси, но беа далеку од втор гол.
Овој резултат го остава комплетно отворен реваншот во Велс следната недела.