Квалитетите на Ендру Робертсон му дозволуваат да игра апсолутно на секој дел од теренот и со самото тоа го прават комплетен фудбалер, проценува поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Фабио Аурелио.
Бразилецот кој има реализирано 134 натпревари за „црвените“, вели дека левиот бек кој ја има довербата на тренерот Клоп, секогаш покажува максимална активност.
„Тој е комплетен играч затоа што може физички да нападне и да се брани. Тоа го прави многу добро. Робертсон е неверојатно храбар играч, одличен бек“ –вели Аурелио.