Поранешниот тренер на фудбалерите на Евертон, Дејвид Мојс, по цели шест сезони може да се врати на кормилото на популарните „карамели“, објавија денеска медиумите во Англија.
Tие потенцираат дека сегашниот стратег на екипата на Евертон, Марко Силва, најверојатно ќе добие отказ и дека ќе го наследи токму Мојс. Тренерот од Шкотска во 2013 година го напушти Евертон за да го наследи легендарниот Сер Алекс Фергусон на клупата на Манчестер Јунајтед, но, откако не успеа да ги оствари посакуваните резултати, мораше да го напушти стадионот – „Олд Трафорд“.
Ќе потсетиме дека Мојс цели 11 сезони работеше на „Гудисон парк“ и во тој период успеа да го однесе Евертон во квалификациите за Лигата на шампионите.

