Медиумите од Италија пренесуваат дека фудбалерот, Милан Шкрињар, им ветил на сите во клубот и на фановите на „нероаѕурите“ дека ќе го даде максимумот до крајот сезоната иако не прифати да ја продолжи соработката
. Познато е дека дефанзивецот ќе остане во Интер до летото а потоа ќе замине во ПСЖ како слободен играч.
Интернационалецот од Словачка треба да се врати во составот за дербито со Милан но, нема да ја носи капитенската лента.