Фудбалерите на Шкупи ќе играат против Линколн Ред од Гибралтар во првото квалификациско коло за новото издание во Лигата на шампионите.
Тоа е состав кој во изминатата сезона играше во Конференциската лига со што стана првиот клуб од Гибралтар кој настапил во групна фаза во натпреварување под капата на УЕФА. ѓ
Шкупи на првиот меч на 5. или 6. јули ќе ја има улогата на домаќин додека реваншот ќе биде одигран на 12 или 13. јули.