Денеска во Нион се одржа ждрепката за 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Македонскиот шампион Шкупи го дозна можниот или евентуалниот ривал во оваа фаза, а тоа е подобриот од двомечот од втората квалификациска рунда меѓу Лудогорец (Бугарија) и Шамрок (Република Ирска).
За ова да се случи екипата на Шкупи ќе треба да направи големо изненадување против фаворитот Динамо Загреб.
3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите
Лудогорец/Шамрок – Динамо/ Шкупи.
Натпреварите од третата квалификациска рунда се закажани за 2/3 и 9 август.