Македонскиот фудбалски шампион Шкупи денеска ќе му гостува на Шамрок Роверс во првиот натпревар од 3. коло од квалификациите во Лигата на Европа. Мечот во Ирска ќе започне во 21 часот.
Вечер со почеток од 19.00 часот во „Френдс Арена“ во Стокхолм (Шведска) екипата на Шкендија ќе го игра првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на Конференции против АИК.
Поради настапот на чаирчани и тетовци во Европа, нивните мечеви од првото сезонско коло во домашното првенство се одложени.