Денеска во Нион се одржа ждрепката за 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции. Струга Трим Лум ако ја мине пречката наречена Будуќност во второто квалификациско коло, во третата рунда за ривал ќе го има победникот од двомечот меѓу ТНС (Велс) и Свифт Хеспер (Луксембург).
Шкупи, пак, ако го мине Левски Софија во втората квалификациска рунда, тогаш во третата за ривал ќе го има победникот од двомечот меѓу Хапоел Бер – Шева (Израел) и Паневезис (Литванија).
Евентуални мечеви за двете наши екипи во 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции се закажани за 10 и 17 август.