Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Шкупи преку Балкани до настап во групите од Конференциската лига
    Фудбал

    Шкупи преку Балкани до настап во групите од Конференциската лига

    risteBy riste18/08/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот шампион Шкупи оваа сезона настапуваше во сите три европски купови и по тоа е единствен тим во Европа. Ниеден клуб досега не играше во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, а во борба за групите на третото натпреварување на УЕФА тимот на Гоце Седлоски ќе игра против косовскиот Балкани (вечерва, 21:00 часот).

    Претходно Шкупи загуби и испадна од Шамрок Роверс во третото коло за Лига Европа и тоа ги донесе во плеј-офот на новоформираното натпреварување. Ждрепката посака тимот да игра со косовскиот првак кој по пенали го мина КИ Клаксвик од Фарски Острови. Ова е идеална шанса за Шкупи да игра во групите во едно од натпреварувањата на УЕФА, со што ако успее ќе го повтори успехот на Вардар од 2017 година (групна фаза во Лига Европа) и ќе стане вториот наш клуб во групите.

    Во тимот на Балкани има двајца македонци – Ндерим Неџипи, некогашниот играч на Работнички, во улога на спортски директор, како и Артим Положани, некогашен играч на Шкендија во улога на асистент тренер.

    Евентуална групна фаза на Шкупи во Конференциската лига на УЕФА ќе му донесе и добра заработка од најмалку три милиони евра. Но, мора да се биде внимателен со Балкани затоа што Шкупи играше претсезонски натпревар со косовскиот првак и доживеа пораз (0:2). Македонскиот шампион се надева дека вечерва ќе слави и со предност ќе замине на реваншот во Косово.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Миовски и донесе победа на Македонија против Фарски Острови

    27/03/2023

    И Бразилската федерација потврди дека работат на ангажман на Анчелоти

    27/03/2023

    Денеска тест против Фарските острови

    27/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Миовски и донесе победа на Македонија против Фарски Острови
    • И Бразилската федерација потврди дека работат на ангажман на Анчелоти
    • Денеска тест против Фарските острови
    • Барселона со нов договор за Балде
    • Маркез скрши прст, нема да вози на ГН на Аргентина
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.