Македонскиот шампион Шкупи, денеска (20.45 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го игра првиот натпревар од квалификациите во Лигата на шампионите. Противник е тимот на Линколн Ред Импс од Гибралтар.
Македонскиот шампион ја има фаворитската улога, но истата треба да се оправда на теренот.
Тренерот на чаирчани, Гоце Седлоски вели дека противникот е незгоден, но неговите фудбалери се подготвени за европскиот предизвик. Како мотив плус за Шкупи е името на противникот во 2. коло од квалификациите, хрватскиот гигант Динамо Загреб, кој е и поранешен клуб на Седлоски.

