Бугарските медиуми објавија информација дека раководството на ФК Шкупи обезбедило 1600 влезници во форма на ваучери за натпреварот од 2. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА 2023/24 – ФК Шкупи – Левски.
Цената на секој од нив е 20 евра, а од Шкупи до Левски најавиле дека овие ваучери односно влезници ќе ги добијат во понеделник на 24 јули.
Ваучерите ќе бидат пуштени во продажба веднаш по приемот. Натпреварот е во четврток на 27 јули во 21 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. За возврат за секој купен ваучер на посебно определеното место ќе има обезбедено паркинг и билет за средбата. Јужната трибина на нашиот најголем стадион е одредена за навивачите на Левски од Софија.