Екс-шампионот Шкупи со висока победа од 5:0 се враќа од гостувањето во литванија кај Хегелман и веќе може да мисли на следниот ривал во УЕФА Конференциската лига. Вечерва во 1. коло, чаирчани го декласираа тимот на Хегелман на гостински терен, а четири гола постигна фантастичниот Реналдо Цефас.
Јамајканецот погоди во 11, 45, 56 и 62. минута, додека петтиот гол беше дело на Кувен во 23. минута.
По реваншот кој следната недела во Скопје ќе биде чиста формалност, Шкупи веќе може да размислува за следниот ривал, а тоа е бугарски Левски.