Фудбалерот на Борусија (Дортмунд), Нико Шлотербек, верува дека елиминацијата на Баерн (Минхен) од Купот на Германија нема да има големо влијание на саботното дерби во Бундес лигата.
„Баерн секогаш сака да победува. Тоа е нивниот стил. Елиминацијата не значи ништо“ – рече Шлотербек.
„Ова е најголемиот меч во Германија и сите со нетрпение го очекуваат. Подготвени сме“ – изјави Шлотербек.