Голманот на Лестер Каспер Шмајхел го отпиша Ливерпул за освојување на титулата на Островот. Данецот зборуваше по поразот со 0:1 од Манчестер Сити во вчерашниот натпревар кој беше дел од претпоследното коло.
Според Шмајхел, Манчестер Сити нема да згреши во последниот натпревар како гостин на Брајтон и ќе триумфира во текот на викендот.
„Игравме навистина многу цврсто на овој натпревар, но згрешивме при голот на Компани. Не успеавме да го блокираме навреме и му дадовме време да ја прими топката и да упати удар. Загубивме натпревар од потенцијалниот шампион. Не гледам како тие можат да загубат на следниот натпревар” , коментираше Каспер Шмајхел.