Тренерот на Бенфика, Роџер Шмит, смета дека неговиот тим не заслужил да загуби со 2-0 од Интер во првиот натпревар од четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите.
„Беше тежок натпревар и мислам дека двете екипи имаа свои шанси. За жал, не ги искористивме нашите. Останавме во игра, играчите дадоа се, а потоа примивме гол од белата точка. Немавме среќа со судиските одлуки. Не верувам дека беше пенал, требаше да имаме и ние барем еден во наша корист. Верувам дека можеме да победиме во Милано“, прокоментира Шмит.