Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо, вели дека доаѓањето на играчот од средниот ред, Мејсон Маунт, е одличен потег.
Тие двајца одлично се познаваат бидејќи ја делат репрезентативната соблекувална а сега ќе играат заедно и на – „Олд Трафорд“. Маунт потпиша договор со „црвените ѓаволи“ за 5 години но, има опција за продолжување за уште една.
Тој во претходната сезона во дресот на Челзи одигра 35 средби со ефект од 3 гола и 6 асистенции.