Лео Меси и Барселона не успеаја да ја продолжат соработката. Поради економски причини, Барселона вечерва потврди дека Аргентинецот по толку многу години поминати на „Камп Ноу“ ова лето си заминува од клубот.
„И покрај постигнувањето договор помеѓу ФК Барселона и Лео Меси и со јасна намера на двете страни да потпишат нов договор денес, тој не може да се формализира поради економски и структурни пречки (регулативи на шпанската Ла Лига). Со оглед на оваа ситуација, Лионел Меси нема да продолжи со ФК Барселона. Двете страни длабоко жалат што желбите и на играчот и на Клубот не можат да се исполнат“, објавија од каталонскиот тим.
Сега останува прашањето, каде Меси ќе ја продолжи кариерата.