Синоќа се појави вест дека Баерн Минхен решил да го раскине договорот со тренерот Јулијан Нагелсман, а на негово место клубот ќе го ангажира Томас Тухел. Веста одекна како бомба во фудбалскиот свет, а очигледно беше изненадување и за самиот Нагелсман.
Оваа промена е вистински шок ако се знае дека Баерн е во игра за уште три трофеи, но по поразот од Леверкузен од 2:1, управата се реши на радикален потег и донесе „тешка одлука“.
Членот на Управниот одбор, Хасан Салихамиџиќ по поразот од Леверкузен беше бесен од настапот на тимот, велејќи дека ретко видел ваква млака и неагресивна претстава на Баерн. На Нагелсман не му помогна ниту одличниот настап во Лигата на шампионите каде Баварците го исфрлија ПСЖ и сега им претстои пресметка против Манчестер Сити. Најмладиот тренер во историјата на клубот (35) беше целосно изненаден од оваа вест, а кога ја слушна беше на скијање во Австрија. Нагелсман со Баерн ја игра најслабата сезона за Баерн во последните 11 години во Бундеслигата, со само 52 бода по 25 кола. Според добро упатени германски извори, имало сериозни проблеми меѓу Нагелсман и Управата, а некои играчи повеќе не му верувале на тренерот во однос на тактичките поставки.