Наредните две кола во елитниот фудбалски шампионат на Шпанија ќе бидат одиграни пред празни трибини, одлучија шпанските власти кои преземаат сериозни мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.
На таа тема се дискутираше и во текот на изминатата седмица за сега конечно да се донесе одлука. По наредните два викенда ќе следи репрезентативна пауза, по што дополнително ќе биде разгледана ситуацијата.
Доколку се стави под контрола ситуацијата со корона-вирусот, тогаш во месец април навивачите ќе се вратат на трибините, во спротивно, ќе се продолжи со натпревари без публика.