Фудбалскиот состав, Барселона, не се откажува од идејата за привлекување на крилото на Челзи, Вилијан.
Досега, каталонскиот гигант испрати три понуди, но, сите беа одбиени од страна на „сините“. Сега тимот од „ Камп Ноу“ за 29-годишниот фудбалер ќе ја испрати и четвртата понуда во Лондон која ќе биде вредна 72 милиони евра.
Според весникот, „Дејли мејл”, таа сума треба да ги исполни барањата на Челзи . Вилијан во претходната сезона постигна 13 гола и направи 12 асистенции. Тој беше еден од фудбалерите кои покажа стабилна форма во текот на целата година.