Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Шпанците со најголеми премии за титула на СП во Русија
    Фудбал

    Шпанците со најголеми премии за титула на СП во Русија

    risteBy riste08/06/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалерите на Шпанија се мотивирани да го освојат СП по втор пат, а за тоа придонесуваат и бомбастичните премии кои ги очекуваат, тврди весникот „Марка“.

    Секој од играчите ќе заработи бруто по 825 000 евра, ако Шпанија стигне до триумф на Мундијалот 2018. Во 2010-та, кога Шпанците стигнаа до големата победа во Јужна Африка, Шпанските репрезентативци зедоа по 600 илјади евра премија. Четири години подоцна, Шпанската кралска федерација вети 720.000 евра. Сепак, фудбалерите не успеаа и испаднаа во групната фаза.

    Актуелните бонуси сега се двојно повисоки од оние кои ги добиваат играчите на актуелниот светски шампиони Германија. Бундестимот има премија од 350.000 евра по играч. Фиксните премии на Шпанија ги рангираат на врвот според овој показател. Прилично блиску до нив се Бразилците кои ќе се борат за 800.000 евра по играч.

    ФИФА ќе го награди новиот светски шампион со 33 милиони евра, додека вицешампионот ќе добие 25 милиони евра.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?

    04/02/2023

    Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал

    04/02/2023

    Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа

    04/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.